На Телеграм објавена листа на „германски политичари за отстрел”

Германската служба за кривични истраги (БКА) предупреди дека на социјалната мрежа Телеграм се шират смртни закани за пратениците, кои минатата недела гласаа за промена на Законот за епидемија, со кој се воведува полициски час.

На Телеграм бил објавен список на пратеници кои гласале за новиот Закон, истакнувајќи дека тие се „германски политичари за отстрел”.

– БКА ги информираше парламентарните клубови во Бундестагот, изјави шефицата на парламентарниот клуб на Социјалдемократската партија (СПД), Грабриела Кацмарек, која ги повика своите колеги да се алармираат доколку бидат изложени на непријатности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот