На шведскиот премиер би можела да му биде изгласана недоверба

Шведската Партија на левицата соопшти дека утре ќе гласа против премиерот Стефан Ловен при гласањето за доверба на шефот на Владата, со што тој најверојатно ќе биде првиот премиер кој е сменет во Парламентот.

– По известувањето кое го добивме денеска, Партијата на левицата ќе му даде црвено светло на Стефан Ловен – изјави на прес-конференција лидерот на Партијата на левицата, Нуши Дадгостар.

Ловен се наоѓа на премиерската функција од 2014 година и е лидер на Социјалдемократската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот