На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19

Работници погребуваат жртва од ковид-19 на гробишата Вила Фермоса во Сао Пауло / Мај 2020, Бразил / Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

 Бројот на починати во светот од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата што ја уништи глобалната економија, преоптовари здравствени системи и го смени начинот на живот.

Со новиот коронавирус досега се заразени над 33,26 милиони луѓе ширум светот, а од последици на Ковид-19 починаа 1.000.010 лица.

Врз основа на септемврискиот просек, за 24 часа во светот од Ковид-19 умираат повеќе од 5,4 илјади луѓе, односно 226 лица во еден час или секои 16 секунди умира по еден заболен од оваа болест.

Откако беа регистрирани првите случаи на коронавирус во Кина во декември 2019 година, тој се прошири во повеќе од 210 земји и територии во светот.

Бројот на смртни случаи од ефектите на коронавирус оваа година сега е двојно поголем од бројот на луѓе кои умираат од маларија секоја година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот