Фото: Nymphuss / Google Maps

На професорот од Уметничко, осомничен дека вознемирувал ученичка, му го зедоа пасошот

52-годишниот професор во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, кој беше приведен откако 18-годишна ученичка го пријавила дека се однесувал несоодветно, односно барал таа да има интимни односи со него, нема да оди во притвор, објави ТВ „24“.

Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа.

„На лицето му се определени мерки на претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за извршување на работните задачи“, велат од МВР.

Според неофицијални информации, полицијата повикала на информативен разговор и поранешни ученички за кои постојат индиции дека биле вознемирувани од истиот професор.

Директорот на средното училиште вчера изјави дека ученичката првин пријавила кај него, по што веднаш била известена полицијата.

Според пријавата до МВР, вознемирувањето од страна на професорот кон ученичката траело од крајот на февруари до почетокот на март годинава.

Професор барал интимни односи од ученичка во центарско училиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот