На премиерлигашите не им треба Суперлигата, ќе добијат милијарди фунти за ТВ права

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Скај спортс, БТ Спорт, Амазон Прајм видео и Би-Би-Си спорт се согласија да потпишат нов тригодишен договор за ТВ правата за Премиер лигата.

Англиските екипи ја завршија приказната околу европската Суперлига, односно е одложена за некои подобри времиња бидејќи милијардите евра кои требаше да ги заработат, ќе ги добијат и во Премиер лигата.

Премиер лигата потпиша нов договор за ТВ правата како и за маркетинг правата со досегашните носители за истите. Во наредните три години во касата на Премиер лигата и екипите ќе добијат 4.5 милијарди фунти од Скај спортс, БТ Спорт, Амазон Прајм видео и Би-Би-Си спорт.

Челниците на Премиер лигата се согласија на условот на англиската Влада во поглед на солидарноста. Во наредните три сезони, по 100 милиони фунти на претходно предвидените 420 милони фунти, секоја година ќе бидат уплатувани на пониските лиги за да избегнат банкрот за време на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот