На повидок регионална фудбалска лига во Европа, познато е дури и името

EPA-EFE/PIETER STAM DE JONGE

Иако постојат неколку идеи за заеднички лиги, една е отидена најдалеку и може наскоро и профункционира.

Холандската Ередивизија и белгиската Жупилер лига, планираат да ги здружат силите и да формираат заедничко натпреварување кое ќе се нарекува БеНелига.

Во лигата би учествувале осум белгиски и 10 холандски екипи, а планот е да се играат 34 кола без плеј-оф.

Белгиските и холандските медиуми тврдат дека реализацијата е отидена многу напред, веќе имаат и промотивни брошури, а освен име, подготвено е и ново лого за БеНелигата.

Целта на БеНелигата е да стане шеста најсилна лига во Европа, веднаш зад Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслигата и француската Лига1 и да им конкурираат на екипите од овие земји во европските купови.

„По 150 години фудбал, дојде време за преиспитување на иднината. Последниот европски трофеј е стар 20 години, навивачите сакаат европски успеси“, стои во брошурата.

Идејата за регионална фудбалска лига на просторите на Бенелукс е постата, овој пат иницијативата и реализацијата се во поодмината фаза, а за сериозноста да стартува овој проект доволно говори и податокот што веќе е нарачано истражување од консултантската куќа Дилојт.

Нивната анализа предвидува дека новата лига може да генерира приходи помеѓу 250 и 400 милиони евра од ТВ правата и маркетингот, а растот на приходите на белгиските и холандските екипи се проценува на 35 проценти.

Едни од најголемите екипи од овие две земји, Ајакс, ПСВ Ајндховен, Феенорс, АЗ, Утрехт, Витесе, Бриж, Андерлехт, Гент, Генк и Стандард Лиеж кои се сигурни учесници во новата лига, веќе нарача нова подетална анализа која треба да биде готова до крајот на август.

Екипите кои нема да бидат дел од БеНелигата ќе продолжат да играат во домашните првенства и така ќе можат да обезбедат пласман во новото натпреварување. Засега не е познато како ќе изгледа системот на промоција и испаѓање од БеНелигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот