Jaнис Адетокумбо/EPA/ERIK S. LESSER

На повидок потрес во НБА: Јанис го менува клубот, пола лига подготвува понуди?

Ерата на Јанис Адетокумбо во Милвоки бакс се ближи кон крај, а можеби е веќе и на самиот крај. Според последните информации, Јанис и неговиот менаџер Алекс Сарацис го информирале клубот дека грчката ѕвезда е незадоволна и сака да си замине.

Сепак, одлуката не е целосно конечна, бидејќи Адетокумбо оставил простор за нови разговори со раководството.

Според информациите на познатиот НБА инсајдер Шамс Чарани конечниот став на Јанис ќе биде познат во следните неколку недели. Оваа сезона тој бележи импресивни 30,8 поени, 10,7 скокови и 6,4 асистенции во просек, со фантастични 63,9% реализација од игра, но тимот е само на десеттата позиција со учинок од 10-13.

Штом информацијата се појави во јавноста, половина од лигата веќе наводно започнала да подготвува понуди за потенцијален „трејд“.

Многу тимови би сакале да го видат Адетокумбо во своите редови, но во моментов најголеми понуди можат да испратат Лос Анџелес лејкерс и Њујорк никс.

Прво, сепак, потребно е Јанис официјално да објави дека заминува од Милвоки, нешто што, според најавите, би можело да се случи наскоро.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот