Ѓулистана Марковска / Фото: ТВ 24 / скриншот

На некои места во Владата има неадекватни луѓе, но генерално оценката е позитивна, смета Ѓулистана Марковска

На некои места во Владата има „неадеквантни луѓе на многу високи позиции“, но и оти генерално оценката е позитивна, изјави вечерва во емисијата „24 Анализа“ на телевизијата „24“ политичката аналитичарка и поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска.

Таа очекува Мицкоски да ја направи најавената реконструкција на владиниот кабинет. Според Марковска, СДСМ „апсолутно не е алтернатива“ на Владата.

Таа вели дека има ресори од чиешто работење е многу задоволна, но и други во кои „не владеат тие поставени луѓе, туку луѓето околу нив“.

Во однос на практиката да се одржуваат собраниски седници во кои прашања поставуваат парламентарци од власта, Марковска вели дека пратеници не смеат да поставуваат нарачани прашања. Но, таа вели дека денешните пораки од премиерот Христијан Мицкоски до новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески, не претставуваат мешање во работата на Обвинителството, туку случаи чиешто решавање Владата го ветила пред изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот