На мажот кој му удри шамар на Макрон ќе му се суди по брза постапка

Младиот маж кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на средбата со граѓани, утре ќе биде изведен пред суд, објави телевизискиот канал БФМ.

Според телевизискиот канал, обвинителството утре изутрина ќе поднесе обвинение против напаѓачот. Уште истиот ден би можело да биде донесена одлука за забрзана процедура, што често се користи во францускиот судски систем, кога елементите на кривичното дело се очевидни и не е потребна детална истрага.

За време на посетата на департманот Дром во југоисточниот дел на земјата, Макрон се сврте кон група локални жители за да ги поздрави. Еден од нив му довикнал на претседателот и неочекувано силно го удрил со рака по лицето. Обезбедувањето веднаш го повлече Макрон на безбедно растојание и ги приведоа напаѓачот и неговиот соучесник. Тие се наоѓаат во притвор.

Познато е дека напаѓачот бил 28-годишен раководител на Клубот на колекционери на историско оружје. Заедно со него е приведено и друго лице. Како што информира БФМ, напаѓачот може да биде обвинет за „напад врз државен службеник без сериозни последици за жртвата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот