На машко тело зашивале женска глава: Откриен ХОРОР во научен центар, експериментирале со човечки тела! (ВИДЕО)

Против научниот центар во Аризона е подигната тужба, бидејќи наводно ги злоупотребувале телата на починатите, а сцените кои таму се случувале се најслични на оние од филмот Франкенштајн, јавуваат американските медиуми.

Во јавноста оваа недела излегоа детали од тужбата која ја поднеле 33 лица кои телата на своите сакани ги донирале во оваа установа.

Тужителите наведуваат дека оваа установа ги измамила и ги навела да веруваат дека телата ќе бидат искористени за истражување на болести или за донирање на органи.

Сопственикот на центарот од Аризона Стефан Горе е прогласен за виновен за незаконско работење од 2015 година, а откриено е и дека продавал делови од тела. Повеќе од 1.755 делови од човекови тела се пронајдени во таа установа, со вкупна тежина од десет тони.

Не можев да спијам ноќта откако го видов тоа. Изгледаше како остава со растргани делови од тела“, изјави службеникот кој бил на должност таму.

Судењето продолжува во Октомври.

Истражителите кои работеле на овој случај опишуваат вознемирувачки глетки од Феникс. Агентот на ФБИ Марк Кунар изјавил дека видел како мала женска глава е зашиена на големо машко тело, токму како Франкенштајн. Зборуваше и за ладилникот полн со машки полови органи, канти полни со глави, раце и нозе, а сите без идентификациска ознака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот