На Македонците овој пијалaк им е еден од омилените, а научниците тврдат дека го оштетува мозокот, не е алкохол!

Unsplash
Фото: Unsplash

Направено е најново истражување кое открива застрашувачки резултати поврзани со овој напиток

Постојат повеќе докази за тоа како замените за шеќер можат да му наштетат на вашето тело на повеќе начини.

Една нова студија покажа дека консумирањето вештачки засладувачи или диетални пијалaци во раните години од животот, може да доведе до сериозни проблеми со долгорочната меморија подоцна во животот.

Американските истражувачи откриле дека засладувачите го забавуваат метаболизмот што исто така може да доведе до зголемен ризик од дијабетес. Засладувачите исто така ја намалуваат чувствителноста на сладок вкус. Ова може да доведе до тоа луѓето да консумираат повеќе слатки пијалaци и храна за да го искусат слаткиот вкус, заклучува студијата објавена во „JCI Insight“.

Ко-авторот на студијата, професорот Скот Каноски од Универзитетот во Јужна Калифорнија, рекол:

„Иако нашите наоди не мора да сугерираат дека воопшто не треба да се консумираат нискокалорични засладувачи, тие нагласуваат дека вообичаеното консумирање на нискокалорични засладувачи во раниот живот може да имаат долготрајни ефекти.“

Како дел од студијата, истражувачите, на глувците што биле вклучени во студијата, им дале вода засладена со неколку различни нискокалорични замени за шеќер, вклучувајќи сахарин, ACE-K и стевиа. Посебна група стаорци пиеле обична вода со храна. По еден месец, стаорците пораснале во возрасни и авторите на студијата ја процениле нивната меморија користејќи два различни теста.

„Тестовите покажаа дека стаорците кои консумирале пијалаци засладени со шеќер додека растеле, имале проблеми со полагање тестови за меморија во споредба со стаорците кои пиеле само обична вода. На стаорците им беа дадени нивоа на засладувач кои беа во рамките на ‘прифатливото дневно ниво на внес’, а исто така добија „само еден засладувач“, велат истражувачите.

Ова било со цел испитувањето да биде што е можно пореално и резултатите да ги откријат негативните ефекти од консумирањето прифатлива количина на засладувачи.

Во посебна студија, истражувачите откриле дека вештачките засладувачи можат да придонесат за дебелина. Канадскиот тим разгледал 37 студии во кои биле вклучени повеќе од 400.000 луѓе во просек од десет години. Тие не откриле доследен ефект на вештачките засладувачи врз губењето на тежината – со испитувања кои сугерираат дека тие, всушност, можат да му наштетат на метаболизмот, пренесува  „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот