На Костов му пукна филмот, Тиквеш бара оставки во судиската организација: Ова денес ја прели чашата…

принтскрин

Тренерот на Тиквеш, Влатко Костов најави заминување од клупата поради судиските неправди, како таа што беше денеска во Чаир на мечот против Шкупи.

Имено, во првото полувреме прво беше досуден пенал за Тиквеш, но по реакција на домашните фудбалери и по консултација со помошниот судија, главиот арбитер Качевски ја промени одлуката. Вечерва Костов се огласи преку својот профил на фејсбук објавувајќи дека не сака да учествува во игрите на одредени судии и во матните работи.

„Долго време размислував дали да се изјаснам со мислење за неколку спорни моменти кои беа на штета на мојот клуб.
На почетокот, сакам на клубовите против кои игравме да им се заблагодарам за коректната игра, денес на ФК Шкупи за приемот и победата. Ова е мое видување и нема врска со клубот и неговите соопштенија во кои никогаш не сум учествувал, бидејќи не сакам да се мешам во клупската политика. Јас и моите играчи се надигруваме со секого, живееме од фудбалот, а сега кога некои судии сакаат да ја омаловажат нашата работа, не смеам да им дозволам, а да не ја кажам вистината. Трипати сме оштетени од судиска двојка од Штип, денес од судиска двојка од Струга, грешки со кои директно влијаеја на крајниот резултат.
Господа од Судиски одбор, оној што делегира судии, престанете со вашата заштита на вашите судии, затоа што застанувајќи зад нив го уништувате фудбалот. Треба да се замислите дека некој во овие тешки времиња обезбедува финансии од кои живеат и играчи и тренери, луѓе кои вие со вашиот препотентен став ги игнорирате.
За крај, нека ви служи на чест и да знаете дека јас како тренер размислувам дали да продолжам затоа што не сакам да учествувам во вашите игри. Јас сум прифаќал порази и сум пружел рака на секој мој колега ама не сум сакал да пружам рака на одредени судии. Клубот е голем, ќе продолжи и без мене ама жално е што некои судии и поединци од Судиски одбор, заедно со тој што делегира, мислат дека фудбалот без нив не може да опстане.
Уште денес ќе разговарам со Градоначалникот и раководството да им ја соопштам мојата одлука. Секогаш ќе се борам за чесен фудбал и сакам да ѝ се заблагодарам на кавадаречката јавност, на верните „Лозари“, за поддршката што ја чувствував овие 6-7 месеци.
На повик на Градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, човек кој неизмерно го ценам и почитувам, дојдов да бидам Шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш. Одлуката околу мојата иднина во клубот ја препуштам нему. Ова денес ја прели чашата…“, пишува Костов.

Револт од судењето на денешниот натпревар искажа и екипата на Тиквеш која побара смена на целата судиска организација.

„Нашиот клуб ПОВТОРНО ОШТЕТЕН на денешниот натпревар против екипата на ФК Шкупи од страна на Главниот судија и вториот помошен судија. Имено во 9. минута од натпреварот од страна на противничкиот играч во шеснаестерецот беше срушен нашиот фудбалер (ВИДИ ВИДЕО ПОДОЛУ) каде што јасно се гледа дека е ПЕНАЛ во полза за нашиот тим.Главниот судија на денешниот натпревар Качевски Јован досуди пенал,но по неколку минути каде што домашната екипа направи притисок кон помошниот судија ,ја смени одлуката и свирна непостоечки фаул со рака, и во истиот тој момент каде што стоеше повторно помошниот судија и покажуваше на пенал,во ниту еден момент не покажа дека нашиот фудбалер играл со рака.

Исто така јасно се гледа дека помошниот судија се намести за изведување на пенал и по неколку минути подоцна ја промени својата одлука. Не знаеме но МОЖЕБИ НА СТАДИОНОТ ЧАИР ИМА ВАР СИСТЕМ!?
Како е можно да судиската тројка се намести на изведување на пенал и после еден момент да ја смени одлуката. Исто така тоа се случи и на претходниот натпревар против екипата на ФК Академија Пандев во Кавадарци каде што не досудија чист гол за домашната екипа односно за ГФК Тиквеш.

ЈА ПРАШУВАМЕ СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ .
-ДАЛИ И НА КОГО МУ СМЕТА ГФК ТИКВЕШ !?
БАРАМЕ СЛУЖБИТЕ НА ФФМ ДА ГО ПРЕИСПИТААТ СЛУЧАЈОТ НЕ САМО НА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР,ТУКУ И НА ПРЕТХОДНИТЕ НЕКОЛКУ НАТПРЕВАРИ И ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.
Исто така ГИ ПОКАНУВАМЕ ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА на следниот домашен натпревар во Среда на Градскиот стадион во Кавадарци да присуствува на натпреварот и да БИДЕ ВАР СИСТЕМ како што беше на денешниот натпревар на стадионот на Чаир во Скопје.

И НА КРАЈ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ГФК ТИКВЕШ ЌЕ СЕ БОРИ ДО КРАЈ ПОКРАЈ СИТЕ НЕПРАВДИ ПРОТИВ НАС И ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ СВОЈАТА ЦЕЛ А ТОА Е ОПСТАНОК ВО ПРВАТА МФЛ,НО ИСКРЕНО РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ВО КРИМИНАЛНАТА ЛИГА КАДЕ ШТО ОДЛУЧУВА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИ ФФМ“ пишува со соопштението на Тиквеш.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот