На грчкиот остров на долговечноста се колнат во оваа намирница: „Ја користиме секој ден“
Дијана Кочилас пораснала на Икарија, грчкиот остров на долговечноста. Островот е вклучен меѓу таканаречените „сини зони“, делови од светот со најголема концентрација на стогодишници.
Препорачано
На овој остров сите јадат мед, но и лук, кој е повеќе од обична состојка.
– Лукот е една од клучните компоненти на медитеранската исхрана. Го користам секој ден во речиси секој оброк кога готвам за себе или за моето семејство – рекол Кочилас за Си-ен-би-си.
Денешните Икаријци се колнат во лукот како народен лек.
– Многу мои лекции за лукот потекнуваат од еден стар семеен пријател, Јоргос Стенос, енергичен пчелар во 90-те. Тој живее и се храни на начинот на кој некогаш тоа го правеле Икаријците: едноставно и со цел. Тој сè уште работи и се свртува кон природата како прво прибежиште за повеќето болести – додава таа.
Од Стенос дознала за стариот икарски лек, напивка од жалфија, планински чај, боров мед и лук, кој, како што рекол, „бил пеницилинот на неговата генерација“.
– Тој порасна правејќи ја оваа природна инфузија како превентивен лек. Ми кажа дека тој народен лек ги одржувал здрави цела зима – истакнува Кочилас.
Науката потврди дека лукот може да помогне во зајакнување на имунолошкиот систем и намалување на крвниот притисок. Исто така, се покажало дека лукот помага во намалување на „лошиот“ ЛДЛ холестерол кога се консумира редовно.


