На грчкиот остров Хиос пристигнале 23 турски државјани и наводно бараат политички азил

Со чамец, од турското крајбрежје на грчкиот остров Хиос вчера пристигнале 23 Турци, меѓу кои и деца и побарале политички азил во Грција, објави онлајн изданието на весникот „Политис” од островот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, турските државјани рекле дека ги гони влада на Ердоган, додека пак крајбрежната служба од Хиос уапсила две лица кои веројатно се криумчари и управувале со чамецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот