На голема врата го враќа во мода познатиот костим за капење (ФОТО)

Се сеќавате на оној црвен едноделен костим за капење од популарната серија „Чувари на плажата“? Изгледа дека оваа година повторно ќе го гледате на девојките, бидејќи токму пејачката Селена Гомез го врати овој костим за капење на голема врата.

Во времето на прикажување на оваа серија црвениот едноделен костим за капење беше симбол за сексипил. Ништо поинаку не е ниту денес, кога во него неодамна беше фотографирана пејачката Селена Гомез.

Овој костим пред две лета се врати на сцената поради римејкот на серијата, но брзо падна во заборав се до ова лето.

Пејачката во моментот е на одмор во Мексико, каде ужива во летните убавини токму во овој едноделен црвен костим за капење во кој изгледа совршено.

Селена го избра овој модел кој ги следи и актуелните трендови и има тн. деколте на колковите, а станува збор за костимот од брендот „Krahs“, зад кој стои нејзината најдобра пријателка Тереза Мари Мингус.

Инаку, и самата Селана дизајнираше два костими за капење за брендот на својата пријателка, исто така во црвена боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот