На драмата ѝ нема крај: Никола Пелц ги избриша сите фотографии со семејството Бекам
Тензиите меѓу семејството Бекам и нивниот син Бруклин и снаата Никола Пелц продолжуваат. Бруклин го блокираше семејството на Инстаграм, а потоа реши да преземе драстичен чекор и ги замоли своите родители, преку неговите адвокати, воопшто да не го контактираат ниту да го споменуваат јавно.
Препорачано
Извори тврдат дека на Дејвид му било кажано дека може да комуницира со својот син само преку неговата адвокатска канцеларија.
Сепак, снаата Никола одлучи да зададе нов „удар“. Имено, таа ги отстрани сите траги од семејството Бекам од социјалните мрежи за да нема ниту една нивна фотографија на нејзиниот профил.
Драмата трае веќе долго време, но кулминираше во последните месеци. Сето тоа наводно започнало на свадбата на Бруклин и Никол. Тие се венчаа во 2022 година во Палм Бич, но сè не помина толку мазно.
Се зборуваше за тензии меѓу Никол и Викторија затоа што невестата не сакала да носи венчаница од колекцијата на нејзината свекрва. Порано оваа година, еден извор го потврди сето ова, додека друг го негираше и рече дека е „далеку од вистината“.
Сепак, минатата година почнаа сè повеќе да кружат гласини за проблеми во семејството Бекам, откако Бруклин и неговата сопруга не се појавија на луксузната забава за 50-тиот роденден на Дејвид. Тие добија покана, но не се појавија. Потоа, извори открија дека Бруклин не сакал да дојде поради новата љубов на неговиот помлад брат Ромео, Ким Тернбол, која претходно била поврзувана со него. Иако многумина подоцна тврдеа дека Бруклин и Ким никогаш не биле во врска, односите во семејството не се подобрија.
ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм


