На денешен ден е роден Мирослав Крлежа: Најубавите цитати што ја чуваат неговата мудрост жива
На денешен ден, светот ја доби една од најзначајните фигури во литературата на 20. век – Мирослав Крлежа. Хрватскиот писател, драматург и есеист, чии дела оставаат длабок белег врз балканската и европската книжевност, беше познат по својата длабока мисла и критичност кон општеството.
Препорачано
Неговите зборови и денес звучат како вечни вистини и инспирација. Во чест на неговото дело, издвоивме некои од најубавите цитати на Крлежа, кои ја носат неговата мудрост.
„Расипаниот вкус е секогаш сигурен доказ дека под скалите на ваквата скапана цивилизација скапува човечкото тело. Трупот на некои принципи и идеи на животот, трупот на расипаниот поглед кон светот и нездравите меѓучовечки односи“.
„Луѓето меѓу себе се изневеруваат, се лажат едни со други во лице, се мамат со ласкање и призорно додворување, и тоа им изгледа почесно и похрабро отколку да си ја кажат вистината еден со друг“.
„Да пишувам? Што? Фрази? Глупави, бомбастични фрази? Да зборувам? Кому? Целото човештво веќе 10.000 години не работи ништо друго освен што зборува. Да печатам? Кому? Да се докажувам? Тоа нема смисла. Што преостана? Да лажам? Каде се мостовите преку кои човек може да се спаси? Во вистината? А вистината, што е вистината…“
„Слободата е цел, апстракција која вреди само додека акцијата се управува според неа. Кога би стигнале до неа, ќе не` убие досадата“.
„Човек треба да е свесен дека е целосно сам во оваа ѕвездена прашина и дека над него нема никој“.
„Уметноста човек ја мери според вредноста на неговите погледи кон светот и настаните. Со неа човекот се движи во темнина и фосфоресцира на мрачното дно на реалноста, осветлувајќи ја својата темна патека со нејзиниот сјај, како магично око, и така се движи помеѓу ѕвездите и така живее“.
„Не постојат големи и мали народи, не постојат големи и мали јазици. Големите и малите јазици вредат толку колку што оние што стојат позади овие јазици или во нивно име зборуваат добро вооружени ножеви“.
„Фразата ги претвора човечките зборови во коректност, чувствата во калапи, мислите во глупави шеми. Тоа не е лага, ниту вистина, ниту илузија. Депласирана гримаса на плачење во погрешен момент и на погрешно место. Таинствена моќ на судбоносните фрази за светите работи на татковината, Бог, убедувања но и принципи“.
Југословенска љубов: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм


