на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

На денешен ден – 22 мај: Починал Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век

337.- Починал римскиот цар Константин Први Велики, кој со Миланскиот едикт ги запрел прогоните и ја прогласил рамноправноста на христијанството во империјата. Тој е основач на Константинопол (Цариград), новата престолнина на Царството.

1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век. Негови најзначајни дела се „Тристан и Изолда“ и „Лоенгрин“. Починал во Венеција на 13 февруари 1883 година.

1819.- Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, испловил на своето историско патување кон Ливерпул, Велика Британија. Тоа бил првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.

1859.- Роден е англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прославил како автор на криминалистички романи и раскази во кои главните јунаци се Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон. Дела: „Спомените на Шерлок Холмс“, „Белиот одред“, „Изгубениот свет“, „Големата бурска војна“, „Историја на спиритуализмот“.

1885.- Во Париз починал Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите „Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и „Работници на море“. Роден бил во 1802 година.

1885.- Роден е водачот на италијанските социјалисти Џанџакомо Матеоти, кого во јуни 1924 година го заробиле и убиле фашистите, по говорот што го одржал претходниот ден во парламентот, во кој документирано ги разобличил фашистичките методи и насилството на изборите.

1903.- Во селото Могила, Битолско, во борба против турската војска и полицијата загинал Андреја Петров Блажески – Расолкоски, познат како Дедо Андреја, македонски револуционер и војвода. Роден бил во Мало Црско, во средината на 19 век.

1907.- Роден е англискиот театарски и филмски актер, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник е на голем број награди „Еми“, наградуван е на фестивалот во Кан, а добил и Оскар за филмот „Хамлет“. Останати филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Ребека“, „Отело“, „Спартак“, „Маратонец“…

1915.- Во најголемата железничка несреќа во британската историја, во судир на два воза во Шкотска, загинале 227 лица.

1939.- Двајцата диктатори, Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, го потпишале десетгодишниот „челичен пакт“ за политички и воен сојуз.

1943.- Објавено е распуштањето на Комунистичката интернационала (Коминтерна), која била основана во Москва во 1919 година.

1972.- Претседателот на САД, Ричард Никсон, допатувал во Москва како прв шеф на САД кој го посетил Советскиот Сојуз.

1972.- Цејлон го добил името Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.

1979.- Официјално било верификувано основањето на Битолскиот универзитет (денес Универзитет „Св. Климент Охридски“).

1989.- Индија успешно ја испробала првата ракета „земја-земја“ со среден дострел, станувајќи една од малубројните држави кои располагаат со балистички ракети.

1992.- Словенија, Хрvatска и Босна и Херцеговина биле примени во Обединетите нации.

2003.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвоил американската нацрт-резолуција со која по 12 години биле укинати строгите санкции против Ирак. Со Резолуцијата 1483 им биле дадени широки овластувања на САД и Велика Британија во управувањето со Ирак и ирачката нафтена индустрија.

2004.- Шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија Фелипе Бурбонски и новинарката Летисија Ортис се венчале во Мадрид. Церемонијата на првото кралско венчавање во Шпанија по 98 години ја обезбедувале силни безбедносни сили.

2016.- Починал Велимир Бата Живојиновиќ, југословенски и српски филмски и телевизиски актер. Играл во повеќе од 280 филмови и серии. Бил еден од симболите на „Црниот бран“ во југословенскиот филм, а светска популарност (особено во Кина) му донесе улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот