На чекор до вода за пиење од хидросистемот „Злетовица“: Заврши изградбата на филтер-станица во Карбинци, на ред е монтажа на опрема

Изградена е новата Филтер-станица во Карбинци. Завршени се градежните активности на овој капитален објект, кој со вода за пиење ќе снабдува осум села во оваа општина, сега се чека на монтирање на опремата во објектот, со што ќе може да се прима вода од Хидросистемот „Злетовица”.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, вели дека со изградбата на Филтер-станицата се решава неколкудеценискиот проблем на жителите на Карбинци, кои сега се снабдуваат со вода за пиење од локалните водоводи и бунари.

– Со изградбата на Филтер-станицата ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење на населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Таринци, Долни Балван, Нов Карорман и Радање, каде што живеат околу 3.000 жители или 75 проценти од вкупниот број жители на Општина Карбинци, рече Насев.

Капацитетот на Филтер-станицата е 40 литри во секунда, а со пуштањето на водата Општина Карбинци го решава проблемот со водоснабдувањето за наредните 100 години

Средствата за реализација на проектот Филтер-станица Карбинци, во вкупен износ од 105, 3 милиони денари, се обезбедени од државниот буџет преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во моментот се чека на јавен повик за изградба на пристапен пат, кој ќе чини 14.305.758 милиони денари, како и цевковод до населените места, а инвестицијата е над 44 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот