На Британците не им е јасно: Дали децата на Камила Паркер Боулс ќе добијат титули кога нивната мајка ќе стане кралица

кралица елизабета камила
Фото: Profimedia

Британската кралица Елизабета Втора го изненади светот кога, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата „сопруга кралица“ кога принцот Чарлс ќе стане крал.

Вообичаената процедура е војвотката Камила автоматски да стане кралица доколку Чарлс стане крал, но поради јавното мислење се сугерираше дека Камила би можела да ја добие титулата „сопруга принцеза“, што беше официјална позиција кога принцот Чарлс се ожени со Камила во 2005 година.

Она што пред дваесетина година било потполно незамисливо, сега ќе стане реалност – Камила Паркер Боулс, некогаш најомразената жена во Велика Британија, ќе стане кралица.

Последната „сопруга кралица“ којашто ја имале Британците била мајката на кралицата Елизабета, исто така Елизабета, која по смртта на нејзиниот сопруг била позната како „кралица мајка“, за да не дојде до забуна со нејзината ќерка која веќе 70 години владее.

Кога Чарлс ќе стане крал, Камила ќе влезе во историјата. Таа ќе биде првата кралица во историјата која зад себе има поранешен сопруг и деца од првиот брак, а на социјалните мрежи веќе се дискутира за тоа што ќе се случи со нејзините деца кога ќе дојде денот нивната мајка да стане кралица. Имено, Камила претходно била во брак со Ендру Паркер Боулс и од тој брак ги има двете деца, Том и Лора. Иако е сѐ поверојатно дека нивната мајка ќе биде идната кралица на Велика Британија, нејзините деца нема да имаат никакви титули.

Британското кралско семејство е група луѓе во блиско сродство со британскиот монарх, a покрај директните потомци, членови на семејството може да станат и сопружниците на оние кои се во сродство со монархот. Со други зборови, не постои можност Том и Лора да добијат некакви кралски титули или бенефиции.

Исто така, правото на стапување на британскиот престол може да се стекне само со раѓање, а шпекулациите дека Камила би можела да стане монарх по смртта на Чарлс се целосно неосновани.

Кралски пресврт: Елизабета Втора сака Камила да биде назначена за кралица!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот