Фото: EPA/LEONHARD SIMON

На Баерн му треба еден бод за да ја одбрани титулата во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд како најблиску во трката со Баерн Минхен за тронот во најсилното германско првенство, денеска во 30 коло загубија на гостувањето кај Хофенхајм со 2:1.

Овој пораз на „милионерите“ значеше и голема радост за Баерн на кој му е потребен само уште еден бод и математички да ја обезбеди, односно одбрани титулата освоена од минатата сезона.

Баерн кој својот меч од ова коло ќе го има в недела на домашен терен против Штутгарт, моментно е на водечката позиција со 76 бодови, 12 повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

Крамариќ му донесе водство на Хофенхајм од пенал во 42 минута, потоа во 87 минута за израмнување стрелаше Гираси, а Крамариќ во осмата минута од судиското надополнување го постигна и својот втор гол исто така од белата точка.

Во саботата се одиграа уште три натпревари: Баер Леверкузен – Аугсбург 1:2, Унион Берлин – Волфсбург 1:2, Вердер Бремен – Хамбургер 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот