На 79 години: Роберт де Ниро стана татко на седмо дете
Американскиот актер Роберт де Ниро стана татко на 79-годишна возраст, а тоа е неговото седмо дете, објави „Пејџ сикс“.
Препорачано
Оваа вест ја потврди неговиот претставник, но тој не го сподели името или полот на детето.
Моментално, актерот е на промотивна турнеја за неговиот нов филм „About My Father“ и дава интеревјуа за повеќе медиуми, меѓу кои и „И-ти Канада“.
При вчерашниот разговор со новинарката, со која дискутираа за татковството, таа искоментира: „Знам дека имате шест деца“, но актерот бргу ја поправи: „Всушност, јас имам седум деца. Само што добив бебе“, тој откри за „И-ти Канада“.
Неговата актуелна партнерка Тифани Чен, која минатиот месец го покажа нејзиниот труднички стомак за време на вечера со Де Ниро.

Медимумите почнаа да ги поврзуваат актерот и инструкторката по боречки вештини во 2021 година, кога двојката заедно го прослави 78. роденден на Де Ниро во Франција.
Како потсетување, Роберт де Ниро првпат стана татко во 1971 година, кога ја посвои ќерката на неговата тогашна сопруга Дијана Абот, Дрена (51). Де Ниро и Абот се родители и на синот Рафаел (48).
Исто така, актерот ги го доби синовите (близнаци) Арон и Џулијан (27) со неговата поранешна девојка Туки Смит. Со неговата поранешна сопруга Гејс Хајтауер ги доби синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).


