На 24 октомври ќе се одржи штафетната трка Business Run 2020

На 24 октомври  во Скопје ќе се одржи Business Run 2020, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор.

На трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Северна Македонија.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Сите заинтересирани можат да ги пријават своите тимови  преку електронскиот формулар на веб страницата Прв до врв. Бројот на тимови што може да го пријави секоја компанија не е ограничен.

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Организатор на Business Run 2020 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот