Фото: МЗТ Скопје

МЗТ во последните минути го скрши храбриот Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје потешко од очекувањата, но сепак успешно го отворија плејофот, совладувајќи го Кожув со 84-75.

Гостите од Гевгелија подобро го започнаа натпреварот и рано стекнаа двоцифрена предност (16-27), но до крајот на првата четвртина МЗТ успеа да ја намали разликата на 20-27. Кожув продолжи да го контролира резултатот и во втората четвртина, но на полувремето предноста беше минимална, 42-40.

Третиот период донесе израмнета игра и чести промени на водството, а во решавачките десет минути Кожув влезе со тесна предност од 60-59. Сепак, во самиот финиш гостите како да останаа без енергија, што фаворитот го искористи и со серија поени ја завери победата.

Најрасположен кај МЗТ беше Дамјан Стојановски, кој оствари дабл-дабл со 21 поен и 10 скока, додека ист број поени постигна и Душан Танасковиќ. Во составот на Кожув се издвоија Боуен со 24 поени и 15 скока и Николас со 20 поени.

Претходно во текот на денот, победа во плејофот забележа и ТФТ против Тиквеш.

ТФТ му се одмазди на Тиквеш и победи во првиот натпревар од плеј-офот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот