Фото: ТФТ

ТФТ му се одмазди на Тиквеш и победи во првиот натпревар од плеј-офот

Кошаркарите на ТФТ успеаја да се реваншираат за поразот од пред шест дена и во плеј-оф дуелот на домашен терен славеа над Тиквеш со 80-74.

Средбата понуди цврста игра и неизвесност, а домаќините беа посигурни во завршницата, што им донесе значајна победа. ТФТ подобро го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше предност од 17-14, која во вториот период ја зголеми и до пет поени.

Сепак, гостите возвратија и со подобра игра до полувремето направија пресврт, па на пауза заминаа со водство од 35-29.

Во второто полувреме следуваше нов пресврт, ТФТ ја презеде контролата, заигра поагресивно и со серија поени стигна до највисоки „плус 13“ (58-45). Во последната четвртина се влезе со предност од 59-51, по што домаќините ја задржаа концентрацијата и ја заверија победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот