МЗТ Скопје стана ноќна мора за Еуро Никел

фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 79:63 го совладаа тимот на Еуро Никел во второто коло од Суперлигата и се извадија за поразот во првото коло.

„Металците“ победата ја најавија со одличната игра во првата четвртина кога покажаа што ќе им биде адутот – играта во одбрана притоа дозволувајќи му на Еуро Никел да даде само девет поени (17:9). Сепак, во втората четвртина успеаја да се вратат во игра на одмор заминаа со само минус три поени негатива (36:33).

Но, во третата четвритна работите се одвиваа слично како и во првата, МЗТ Скопје успеа да дојде и до двоцифрена предност (61:50) по што рутински ја одржуваа предноста до крајот на редвата за конечни 79:63.

Рикиќ со 18 поени беше најефикасен во таборот на МЗТ, Војдан Стојановски даде 14, а Дамјан Стојановски 11 поени. Калахан со 13 и Дубински со 11 поени беа најдобри кај Еуро Никел кој го претрпе седмиот пораз по ред во дуелите со МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот