МЗТ Скопје се засили со уште еден репрезентативец на Македонија
Македонскиот репрезентативец, Андреј Маслинко (27 год, 208 см), од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје.
За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше сино-белиот дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.
Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. Во тимот се уште Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ.
Новата сезона МЗТ ја започнува на 24 септември со мечот на домашен терен против Теодо на стартот од АБА2-лигата.