МЗТ Скопје Аеродром пред исклучително важен натпревар во АБА лигата

МЗТ атакува на нова победа во АБА лигата/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Пред МЗТ Скопје Аеродром е исклучително важен меч на домашен терен утре (сабота) против Борац Чачак (16.00 часот), кој дефинитивно може да се нарече и натпревар на сезоната со оглед што е пресметка со директен ривал за опстанок во АБА-лигата.

Добрите игри во последно време му даваат право на македонските шампиони, момците во сино-бела опрема дека ќе дојдат до втората домашна победа по ред во регионалното натпреварување (трета вкупно), која во многу ќе си ги зголеми шансите за останување во друштво на најквалитетните на овие простори.

Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, мотивираноста кај кошаркарите е максимална, а за остварување на целта на МЗТ ќе му биде потребна и голема поддршка од нашиот шести играч на трибините – навивачите во СЦ „Јане Сандански“.

Билетите за овој меч се веќе во продажба и тоа со цена од по 150 денари за блоковите 5, 6, А2, А3 и А6, додека за сите останати места во салата таа изнесува по 100 денари.

Влезници може да се купат онлајн на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , преку продажните места на МК Тикетс, како и на билетарницата пред арената во населба Аеродром на денот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот