МЗ за моментната состојба во ковид центрите низ цела Македонија: Имаме 871 пациент и околу 450 слободни кревети

Министерството за здравство
Од ковид центрите во болниците, во изминатите 24 часа, е пријавено лекување на вкупно 540 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот.
– Според извештаи на болниците што пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни додека во Куманово – 88 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има 70 пациенти, во Прилеп – 73, во Гостивар – 31, а во Струга – 22 лица. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 46 пациенти, во Кочани – 18 во Кичево – 8, во Кавадарци – 27, во Гевгелија – 12 лица, а во Дебар – 5 позитивни и суспектни на корона вирусот, се вели во соопштението на МЗ во кое се нагласува дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 слободни болнички кревети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот