МЗ: Нови 528 случаи на ковид-19 и седум починати

ковид-19, амбуланта
Ковид-амбуланта во Скопје / фото: МИА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 4.323 тестирања, регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

Филипче: Се зголемуваат ризик факторите од ширење на ковид поради престој на затворено

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка – 7, Гевгелија, Валандово и Кичево – по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш – по 3, Неготино и Крушево – по 2, Кратово и Гостивар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот