Фото: МВР

МВР воведува кодекс за облекување, граѓаните дотерани ќе чекаат ред на шалтер

Министерството за внатрешни работи соопшти дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и за граѓаните кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи.

Од МВР велат дека мерката се воведува со цел одржување на професионалните стандарди, достоинството на институцијата и меѓусебната почит.

„Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции“, соопштија од Министерството.

Оттаму ги повикаа граѓаните кои доаѓаат за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги да внимаваат нивниот изглед да биде во рамки на општоприфатените норми за јавни институции.

Воедно, од МВР посочуваат дека и вработените во Одделот за граѓански работи се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување што важи за вработените во Министерството.

Полицаец од Битола поништил налог за незаконски паркирано „ауди“ на брат му – лажел дека возилото е на МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот