Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

МВР со дронови ќе го следи и вториот круг од изборите

И во вториот круг од локалните избори Министерството за внатрешни работи со мобилни тимови и со дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места.

Според директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, обврската на полицијата е јасна – да се обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што како што се најавува ќе бидат преземени сите неопходни мерки со цел граѓаните слободно да го остварат своето демократско право на глас, без притисоци, страв или закани. На сребата е истакнато и дека нема да постои толеранција за ниту едно незаконско дејствување, а секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде санкциониран со брза, професионална и одлучна полициска реакција.

Како и во првиот изборен круг, полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени во близина на избирачките места и на сите потенцијално ризични локации, а безбедносните активности ќе бидат засилени со користење на модерни технички средства, вклучително и воздушно набљудување со дронови, информираа од полицијата.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот