Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МВР презема мерки за исвиркувањето на химната и националистичките извици на финалето на фудбалскиот Куп

Екипата на Силекс вчера го освои Купот на Македонија со победа од 1-0, но во овој дуел имаше инциденти и пред почетокот на дуелот, кога навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската национална химна, како и за време на средбата, кога се слушаа националистички извици.

МВР соопшти дека презема мерки околу овие ексцеси, како и околу истакнувањето на знамињата на Албанија, без да биде истакнато македонското државно знаме.

„СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар“, велат од МВР за „Скопје1“.

На овој дуел инцидент се случи исто така и по завршувањето на средбата кога фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите за второ место.

Шкендија се правда: Фудбалерите не го слушнале повикот и во соблекувална заминале по нови дресови

ФОТО | Навивачите на Шкендија ја исвиркаа химната, екипата си замина без објаснување по загубеното финале на Купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот