Музичката ПИН-Конференција го отвори повикот за учество на млади изведувачи за 2023 година

Првата и единствена музичка конференција во Македонија, ПИН-Конференција, официјално го отвори повикот за учество на млади изведувачи кои ќе имаат прилика да бидат дел од годинашната концертна програма.

Македонската ПИН-Конференција е еден од најзначајните меѓународни собири во регионов кој ги привлекува музичките експерти од цела Европа и подалеку, а која со секое свое издание го зголемува кругот на учесници и посетители, артисти и љубители на музиката, и ги спојува професионалците од сите сфери на музичката индустрија.

Годинава, од 30 ноември до 2 декември ПИН ќе го прослави јубилејното 10-то издание и повеќе од деценија како создава простор за негување и развој на македонската и регионалната музичка сцена, простор за споделување искуства и креирање нови можности.

Сите нови изведувачи од Македонија и пошироко можат да се пријават на отворениот повик и да бидат дел од музичарите кои ќе се претстават пред нова публика. Сите заинтересирани можат да се пријават на преку платформата „Гигмит“ (GigMit) најдоцна до 15 април.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 168, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 февруари 2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот