Муслиу: Секој меч е важен, одиме на победа против Украина

фото: ФФМ

Македонската фудбалска А репрезентација се подготвува за саботниот натпревар во Прага против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.

Овој дуел е клучен за избраниците на селекторот Благоја Милевски и со победа сигурно ќе останат во трката за пласман на континенталниот собир кој ќе се одржи во Германија.

– Во нашата група секој натпревар е важен кога гледате каков квалитет имаат противниците. Секоја победа за нас би била добредојдена, со таква намера одиме во Прага и се надевам дека ќе ги освоиме бодовите.

Многупати сме докажале, но тоа е веќе поминато. Со квалитетот што го поседуваме можеме да калкулираме на трите бода, кои се многу важни за пласман на ЕП – вели одбранбениот фудбалер во нашата репрезентација, Висар Муслиу.

Најдобрите украински фудбалери исто така овие денови ја темпираат формата и сметаат дека ги очекува тежок меч против Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот