Муслиу: Блокадата од Бугарија ни направи голема штета нам, но и на Албанија

Блокирањето од Бугарија ни прави нас голема штета во интеграциите, но и прави и на Албанија. Сепак во Бугарија мислам дека ќе изнајдат сили да се облокира. Овој проблем е поконретен во однос на оној со Грција, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

-Бугарија направи грешка, свесна е за тоа и ќе добие политичар и влада која ќе ја врати на патот на смирување на двете земји. Тука е проблем интенциите кои постојат, но сепак од двете страни ќе има доволно свесни луѓе ова да се надмине, вели Муслиу.

 

 

Според него, решението на ова прашање е ЕУ, и дека Бугарија не може преку ноќ да се опамети и да го промени мислењето.

-Ние сме трети пат жртва на внатреполитички игри во ЕУ. Знаеме дека цела ЕУ им се нафрли на Макрон и Франција во 2019 поради тоа што го направи. Во ЕУ има такви ситуации, мислам дека решението е  во тој правец, не дека во БУгарија ќе се просветлат од еднаш.Патот кон ЕУ е единствена опција, тоа е нешто што оваа државата ја држи во заедништво. Со самата прва конференција ни се отвораат фондови кои и тоа како се осетат во нашите животи. Втората голема придобивка е промената на методологијата, тоа е полошо за институциите, но подобро за граѓаните затоа што политичарите веќе нема да можат да ја префрлаат вината на друг, вели Муслиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот