Муса ќе дава исказ во ОЈО

Јавното обвинителство во најскоро време ќе го повика сега веќе поранешниот заменик-министерот за здравство, Асим Муса да даде исказ пред јавен обвинител, велат од ОЈО за „Слободен печат“.

Ставот на ОЈО уследи откако Муса си поднесе оставка, а од албанска телевизиска екипа беше снимен как зема 50 евра поткуп. Денеска тој рече дека е убеден во својата правда и ќе ја докаже, а ова што му се случува го нареќе политичка пропаганда.

Од ОЈО велат дека со меѓународна помош ќе ги бараат оригиналните снимки која ги објави истражувачката емисија „Фикс фаре“.

Според снимката на in7.tv, по состанокот на новинарот-пациент со лекарот во Институтот за нефрологија во Струга го одредуваат денот на операцијата, а потоа Муса прифаќа аванс од 50 евра за зафатот кој треба да го изврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот