Мултимедијален проект за „смртоносниот“ допир на човекот ќе биде претставен во Охрид и во Скопје

„Место на спојување“ (2021) на Кристина Пулејкова

Британскиот совет, агенцијата „Лукс“ и кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија на РСМ, го најавија уметничкиот проект „Допирот“, дел од „Ние сме тука: идни екологии“, кој се состои од компилација од четири дела со подвижни слики од различни автори, а во македонскиот концепт ќе се вклучи и делото „Ѕвезден гласник“ (2013) на велшкиот уметник Бедвир Вилијамс.

Тематски „Допирот“ се однесува на „смртоносниот“ допир на човекот, кој остава зад себе, свесно или несвесно, голема штета на целата планета, нејзините живи видови и нивните живеалишта.

Во проектот, покрај изборот на дела од проектот „Ние сме тука: идни екологии“, вклучени се и тројца македонски уметници и проекти што се занимаваат со прашања од областите екологија, миграција, идентитет, прифаќање на другиот во општеството, правење убавина од грдото, и тоа: Кристина Пулејкова со проектот со подвижни слики и видео во виртуелна реалност „Место на спојување“, Велимир Жерновски со мултимедијалната инсталација „Зад црнилото“ и Елпида Хаџи-Василева со комплексната просторна инсталација „Silentio Pathologia“.

„Ѕвезден гласник“ (2013) на Бедвир Вилијамс

Делата на Бедвир Вилијамс и Кристина Пулејкова првично ќе бидат претставени од 7 до 9 август во Охрид, додека главната изложба во Скопје ќе се одржи од 15 септември до 15 октомври во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 91, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 јули – 2 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот