Муцунски ја имал првата вистинска средба со бугарската колешка, ѝ укажал дека за јазикот и идентитетот не може да се разговара
Откако двајцата кратко се сретнаа пред две недели, но не можеа да се согласат околу тоа дали ова може да се нарече „средба“ шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Чамова Петрова во Шведска денеска дефинитивно се сретнале на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Шведска, соопшти македонското МНР.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори“, пишува во соопштението од МНР.
„Посебен акцент беше ставен на значењето на Коридорот 8 и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност“, додаваат од МНР.
„Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, се вели во соопштението.
Бугарската министерка Чамова рече дека се сретнала со Муцунски, тој вели: Тоа не беше средба


