МТСП: Од денеска почнува исплата на правата од социјална и детска заштита за август

Министерство за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември, почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

-Почнува исплатата на права од социјална и детска заштита и тоа гарантиран детски додаток, посебен додаток за месец 09/2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете и за четврто дете, единствен родителски додаток, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош ГМП, социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјално домување, соопштија од МТСП.

Понатаму, како што посочуваат, почнува и исплата на социјална сигурност-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, од Министерството информираат дека исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:  2 септември (среда) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;  3 септември (четврток) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;  4 септември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

-Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 септември 2020 година, соопшти МТСП.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот