МТСП: Анкета за бројот на лица во старските и во домовите за лица со посебни потреби за планирање на вакцинација против ковид-19

Министерство за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) испратило барање до приватните и до државните старски домови, како и до Специјалниот Заводот Демир Капија, Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Заводот за заштита и рехабилитација – Банско, за бројот на лица корисници на нивните услуги, со цел да се добие вкупна бројка на оние кои би влегле во системот за вакцинација против ковид-19.

Од МТСП велат дека повратни информации се веќе добиени и оти тие се доставени и до  Министерството за здравство, со цел да се направи сеопфатна анализа на лица кои би биле приоритетни за вакцинација.

Вакцините сè уште не се пристигнати во земјава, а министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека се прават напори тоа да се случи што поскоро и да почне вакцинирањето.

– Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер” во Белград и таму се работи на двата договора – драфт договорот за нашите 800.000 дози и дозволата за српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, рече Филипче.

Старите лица, хронично болните и здравствените работници се посочени како групи кои треба да имаат приоритет при вакцинацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот