Мртовечниците во Романија преполни, телата оставени по ходници

Ковид болница во Романија/ Фото EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Мртовечницата во главната романска болница повеќе нема место за мртвите, а телата завиткани во црни кеси се редат низ ходниците на болницата во Букурешт, објави АП.

Во последните два месеци во Романија умираат стотици луѓе, а земјата е меѓу најтешко погодените држави од новиот бран на делта сојот во Источна Европа, каде многу помалку луѓе се вакцинирани отколку во западна Европа.

Романија, земја со 19 милиони жители, сега е меѓу најлошите во Европа по смртноста од ковид-19.

Едно село исчезнува секој ден

„Во Романија, по едно село исчезнува секој ден“, рече д-р Каталин Цирстоју, раководител на Универзитетската болница за итни случаи во Букурешт. „Што ќе се случи за една недела или еден месец? Поголемо село? Или град? Каде ќе застанеме?

Тамошните експерти ја обвинија ниската стапка на вакцинација во Романија, која е само околу 40 отсто, далеку под просекот на ЕУ од 75 отсто, за голем број смртни случаи.

„Ние сме исцрпени финансиски, физички и психички“, се пожали Цирстоју, „сето ова на крајот на денот беше предизвикано од една работа: неможноста на населението да сфати дека мора да се вакцинира“.

Тој рече дека нема да има четврти бран доколку се вакцинираат 70 отсто од населението.

На 2-ри ноември, Романија забележа најголем дневен број на смртни случаи од пандемијата кога беа пријавени 591 смртен случај од ковид-19, повеќе од 90% од нив не биле вакцинирани. Во моментов, 1.870 пациенти со ковид-19 низ целата земја се на интензивна нега, а скоро 51.000 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот