Мразот во Србија уништи овошје вредно 125 милиони евра

овошје под снег
Овошје под снег, илустрација / Фото: EPA-EFE

Долгорочната временска прогноза не предвидуваше дека во недела навечер температурата ќе падне до минус пет во голем дел од Србија, па овоштарите не беа подготвени за мразот кој им одзеде голем дел од родот, Зоран Кесеровиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Нови Сад за РТС, оцени дека само во регионот на Шумадија и западна Србија, каде се произведуваат 40 отсто од српското овошје, се уништени 200.000 тони овошје.

„Овие два региона произведоа 700.000 тони овошје во 2022 година. Тоа беше проекцијата на родот за годинава пред последниот мраз. Сега штетата е околу 30 отсто од родот, а можеби и повеќе. Најмногу изумреа доцноцветните овошни видови, сливите и малините. Големи штети има во Суботичко-хоргоскиот регион како и во околината на Белград. „Во цела Србија, ако штетата е 250.000 тони овошје и ако броиме 50 евроценти за килограм овошје, тоа се 125 милиони евра“, изјави Кесеровиќ за РТС.

Тој додава дека во наредниот период не смееме да се потпираме на долгорочни прогнози, туку мора да користиме локални метеоролошки станици и стручни служби за навремено да им сигнализираме на производителите. Зборувајќи за извозот на цреши, малини и капини за кои вели дека имаат ниска откупна цена од околу 2,5 евра, професорот Кесеровиќ особено ја посочува штетноста на одлуката на Царинската управа со која се поништи правилото врз основа на кое овошје, при извозот приоритет на границата имаа производителите на зеленчук и месо. Според него, оваа регулатива, која Царинската управа ја укина, им штети на производителите на овошје, особено на рано овошје, бидејќи тоа овошје ќе стои два до три дена во фрижидер, а не може да остане толку долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот