Мрачната страна на Џери Луис: Пеколен живот зад затворени врати во домот на славниот комичар

Џери Луис почина на 91 година од природна смрт. Неговиот комичен лик, кој ја засмејуваше публиката низ светот, бил само маска зад која се криел груб насилник и злобен човек, кој си ги мразел сопствените деца.
Легендарниот комичар имаше долга и успешна актерска кариера, беше омилен актер на многу генерации и уживаше светска слава. Воедно тој секаде ја продаваше приказната за среќен семеен живот со сопругата Пети Палмер и нивните шест синови. Но, зад затворените врати на неговиот дом сето тоа било далеку од вистината, открија неговите синови кои прозбореа за физичката и емоционална злоупотреба која ја трпеле од него.
View this post on Instagram
Дуото со Дин Мартин
Познат како „крал на комедијата“ Џери се имаше појавено и режирано над 80 филмови и телевизиски серии во 50годишната кариера во шоубизнисот. Тој работеше како комичар, сценарист, продуцент и режисер.
Интерес за актерство покажувал од најрана возраст, со оглед дека неговите родители исто така работеле во светот на забавата – татко му како член на кабаре, а мајка му како пијанистка во локално радио. Поради интерес за шоубизнисот тој го напуштил училиштето и заминал во Холивуд да си ја бара среќата. На 19 години го запознал Дин Мартин, со кого почнале да настапуваат заедно во еден ноќен клуб во Њујорк, со што легендарното дуо „Мартин и Луис“ беше родено. Од сцените во ноќните клубови ова дуо подоцна се префрли на филмското платно каде почна да жнее успеси. Но, на 10 годишнината од нивното прво заедничко шоу тие ја прекинаа соработката, а тоа беше прилично горчлив крај.
View this post on Instagram
Прв пат по 20 години се сретнаа во шоуто кое го водеше нивниот заеднички пријател Френк Синатра, што многумина го проценија како исфросирана средба. Конечно се смирија на погребот на синот на Дин Мартин, кој беше убиен, каде Џери се појавил иако не бил повикан. Неколку години подоцна, по смртта на Дин Мартин, Џери призна дека колегата му бил голема љубов.
Освен колегата, Џери ги сакал и жените. Иако бил во брак со Пети Палмер и со неа имале шест синови, тој постојано ја изневерувал со други колешки меѓу кои и Мерилин Монро. Дури се споменува и дека имал вонбрачна ќерка со моделката Лин Диксон, што Џери никогаш не го потврдил ниту негирал. Денес за неа се знае дека наводно живее како бездомничка на улиците во Њујорк.
Во 1980 година на Пети ѝ се смачило од постојаните неверства и поднесла барање за развод кој бил финализинар по три години. Неколку месеци подоцна Џери се оженил со втората сопруга, танчерката Сенди Питник, која ја запознал додека настапувал во Лас Вегас. Со неа во 2004 година ја посвоиле ќерката Даниела Сара Луис.
Пеколен живот во семејството Луис
По смртта Џери целиот имот им го остави на Сенди и Даниела, додека синовите ги исклучи од наследството.
„Намерно ги исклучив Гери, Роналд, Ентони, Кристофер, Скот и Џозеф и нивните наследници од мојот тестамент и тие никогаш нема да имаат право на ниту дел од моето наследство“, стоело во тестаментот од актерот.
View this post on Instagram
Откако се дозна веста, со изјава излезе синот Гари кој јавно прозборе за тајните кои ги знаеле само во најблискиот семеен круг.
Имено тој откри дека татко им ги злоупотербувал физички и емотивно. Со тоа се сложи и неговиот брат Ентони, кој изнесе мрачни детали.
„Кога ќе си доаѓаше дома, мајка ми ќе викнеше од долу „татко ви е дома!“ и ние ќе се вкочаневме од страв. Никогаш не можевме да го предвидиме неговото однесување за тековниот ден“ – изјави Ентони кој откри дека Џери ги тепал со ременот, но многу повеќе ги болело емотивното злоупотребување кое било секојдневно.
View this post on Instagram
Според браќата причината за тоа била дека се машки, а тој многу сакал да има ќерка. За Џери најголемо разочарување било раѓањето на најмалиот син Џозеф, бидејќи се надевал дека по пет синови, конечно ќе добие ќерка, па пред неговото раѓање дури ја започнал и кампањата „Think Pink“ („Размислувај розево“). Откако дознал дека повторно добил син Џери бил толку разочаран и бесен, што буквално го одбивал детето и не му посветувал никакво внимание. Ова цел живот го следело Џозеф, кој се обидувал на секој начин да му привлече внимание на таткото и да добие барем една насмевка, често пред сите изведувајќи сцени од неговите филмови.
View this post on Instagram
Разочарувањето од несредениот однос татко – син цел живот го следело Џозеф, кој на 45 години починал од предозирање со дрога, додека живеел како алкохоличар и бездомник и се хранел по народни кујни. Кога дознал за неговата смрт, Џери одбил да плати за погребот.
„Брат ми почина од скршено срце, не од дрога“, кусо изјавил Гари по смртта на братот, гневен на татко му кој никогаш не му простил на синот што се родил машко.