Москва: Околу 150 цркви добиле закани со бомба

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Околу 150 цркви и храмови во центарот на Москва добиле закани со бомба од непознати лица, потврдија денеска руски безбедносни извори за агенцијата ТАСС.

– Непознати лица испратиле 150 закани со бомба во централниот дел на Москва. Во сите верски објекти е извршен претрес и не е пронајдена ниту една експлозивна направа, наведуваат изворите.

Заканите за поставени бомби се случиле вчера, а полицијата оттогаш е во потрага по лицата кои ги испратиле заканувачките пораки и спроведува одредени проверки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот