Морето исфрли хашиш вреден 320.000 евра на плажа на островот Родос
Повеќе од 40 килограми хашиш со улична вредност од 320.000 евра беа пронајдени исфрлени на плажа на југоисточниот грчки остров Родос, соопштија властите, цитирани од онлајн изданието на весникот „Катимерини“.
Препорачано
„Дрогата е пронајдена во петокот во Плимири во близина на Линдос“, се вели во соопштението на крајбрежната стража.
Хашишот бил во пакети содржани во затворена корпа од слама, со вкупна тежина од 42,8 килограми.
Властите на Родос сега ги следат плажите за повеќе пакети хашиш. Не е јасно од каде потекнува дрогата пронајдена во Плимири, забележува изданието.
Кон крајот на март, шпанската полиција откри во Сеута, шпанска енклава во Мароко, голем подземен тунел опремен со шини и мали вагони и користен за транспорт на хашиш помеѓу Мароко и Шпанија.
Властите изјавија дека нивната операција за откривање на тунелот траела повеќе од една година. Тие го опишале тунелот како „лавиринт што личи на рудник“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека мрежата снабдувала дрога не само во Шпанија, туку и во други делови од Европа.
ВИДЕО | Српската полиција откри пет тони марихуана во Шумадија – најголема заплена во историјата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


