Морбидно: Ирски навивачи ја слават смртта на кралицата Елизабета Втора

Навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок роверс/фото: instagram.com/shamrockroversofficia

Додека целиот свет тагува поради смртта на кралицата Елизабета Втора, ирски навивачи го славеа „нејзиното заминување“ и со своето однесување ја згрозија светската јавност.

Навивачите на Шамрок роверс за време на натпреварот од првото коло во Лигата на конференции против Дјургарден, тие пееја песна посветена на кралицата на Обединетото Кралство која вчера почина.

„Лизи е во ковчег“ – пееја навивачите на Шамрок Роверс.

Натпреварот во Даблин помеѓу ирскиот Шамрок роверс и шведскиот Дјургарден заврши без голови (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот