Фото: Илустрација/Профимедиа

Монструмот кој киднапираше момче и десет години го чуваше како роб, 20 години зад решетки

Едуард Викторовиќ Никитин (42), кој киднапирал момче старо девет години и повеќе од една деценија го држел како сексуален роб, доби 20-годишна казна во строго чуван затвор, извести РИА Новости, а пренесува CrimeRussia. Несреќниот дваесетгодишник е откриен во рутинска полициска проверка на една улица во Москва во 2017 година. Неговото семејство сметало дека е мртов.

Кога го пронашле, момчето не знаело ниту да чита, ниту да пишува.

Поштарот Никитин го киднапирал момчето на пат до училиште и го затворил во својот стан кој се наоѓа на периферијата на Москва. Не му дозволувал да разговара со никого и целосно го исклучил од нормалниот живот. За тоа време, сексуално го злоупотребувал.

Со него била и неговата мајка, која е сведок во случајот.

По многуте години поминати во станоти и бројните емоционални малтретирања, Никитин на тинејџерот започнал да му дозволува да излегува од станот. Но, тој не се обидувал да побегне, а своето потекло целосно го заборавил.

По шокантното откритие соседите рекоа дека Никитин редовно го гледале со момчето, но ништо не им укажувало на тоа дека станува збор за криминално дело. Пријателите на момчето од раното детство на полицијата и кажаа дека тој пред киднапирањето знаел да побегне од дома, бидејќи мајка му била алкохоличарка и го тепала.

Судијата големата казна ја образложи со тоа дека животот на момчето е „целосно уништен“ и дека „никогаш нема да се опорави од ужасите низ кои минал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот