Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Монпеље против Кил во полуфиналето на ЕХФ Европската лига

Во петокот ждрепка се одредија полуфиналните парови за ЕХФ Европската лига во машка конкуренција, за пехарот останаа да се борат три германски и една француска екипа.

Монпеље, кој го елиминираше Вардар 1961 во четвртфиналето, за противник на Ф4 турнирот во Хамбург, го доби Кил.

Германија сигурно ќе има свој претставник во финалето, во втората полуфинална битка се среќаваат Мелсунген и Флензбург.

Сите четири клуба беа дел и од минатогодишната завршница, тогаш Флензбург беше подобар од Мелсунген со 35:24, а Монпеље беше подобар од Кил со 32:31. Во финалето, Мелсунген го совлада Монпеље со 32:25.

И составот на Мелсунген беше еден од ривалите на скопските „црвено-црни“ во рамките од главната рунда на клупското натпреварување.

Полуфиналните мечеви ќе се играат на 30 мај, а еден подоцна ќе се игра натпреварот за третото место, како и финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот