Моника Белучи сјае и на 57 години: Со новите фотографии ги запали социјалните мрежи

Instagram
Instagram

Италијанската актерка Моника Белучи (56) позираше за ноемвриското издание на магазинот „Вог Италија“ и по тој повод изгледаше нереално секси и убаво со оглед дека се приближува до 7-та деценија од нејзиниот живот.

Имено, најубавата жена на светот објави две фотографии на социјалната мрежа Инстаграм – едната на која позира сама, додека на другата позира со многу помлад маж.

Instagram
Instagram

Во студиото во Фиренца, таа беше фотографирана за една од најпознатите модни куќи, со која соработува од почетокот на нејзината кариера.

Штотуку излезе италијанскиот Вог. Од студиото во Фиренца за ноемврискиот број на списанието, напиша Моника.

На една фотографија таа е облечена во тесен црн фустан, додека косата е убаво исчешлана и обликувана, а погледите најмногу ги привлекува прекрасно деколте, кое и на 57 години изгледа совршено.

Instagram
Instagram

На таа фотографија, помлад маж во бел мантил ја држи за рака и изгледа како да се допираат нивните усни, па овој пост најмногу ги разбранува социјалните мрежи.

На втората фотографија, Моника позира само во хулахопки и црн градник, додека го држи фустанот во рака, и се наоѓа во студиото за скулптури. Со овие две објави, таа собра скоро половина милион лајкови, од вкупно 3,6 милиони следбеници кои ја следат на нејзиниот инстаграм-профил.

Видео на денот